7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Од утре (1ви декември) се враќа дневната евтина тарифа на струјата

Од утре, први декември, се враќа дневната евтина тарифа на електричната енергија за домаќинствата. Покрај редовниот термин од 22 до 07 часот, од утре најголем број од домаќинствата ќе имаат евтина струја секој ден од понеделеник до сабота од 13 до 15 часот. Целиот ден недела и понатаму останува во евтина тарифа.

Од ЕВН се’ уште ги немаат сетирано сите броила, но секој може сам да провери дали од 13 до 15 часот е во евтина тарифа.

Се што треба да направи е да го погледнете броилото и ако во конкретниот термин на дисплејот пишува Т2, тогаш значи дека вашето броило е едно од над 170.000 сетирани броила.

„Електродистрибуција поседува 170.000 броила со далечинска комуникација и 650.000 обични броила кои треба да се сетираат на лице место. Од 1 декември ќе влегува во сила новиот тарифен систем, а тогаш ќе започне и сетирањето на броилата. На екранот на броилата се појавува ознака Т1 за висока тарифа и Т2 за ниска тарифа, што значи дека во зависност од периодот на денот се појавуваат и се активни соодветните ознаки на екранот“, велат од ЕВН.

Од Регулаторната комисија за енергетика уверуваат дека до крајот на декември сите броила ќе бидат наместени за новата дневна евтина тарифа на електрична енергија.

 

Би можело да ве интересира

Ова е Прилепското вештачко езеро

Гордана Цветаноска

Од ноќеска започнува летното сметање на времето

Елизабета Филипоска

Финале на Пиво-фест 2022 (ФОТО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе