Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, бензините поевтинуваат за два денарa, а за исто толку се намалува и цената на дизелот.
Па така, од ноќеска на полноќ литар Eуросупер БС-95 ќе биде со цена од 76,5 денари за литар, бензинот Eуросупер БС-98 ќе се продава за 78,5 денари, а Eуродизел ќе чини 74 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ, цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 73 денари за литар, додека мазутот ќе се продава за 40,572 денар.
Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,79 отсто.