9.1 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Од вечерва во Прилеп 8 мо издание на меѓународниот филмски фестивал „Winter Apricots“

Фестивалот кој што ќе го оживее Прилеп преку филмови, музика, работилници, разговори, дружби и добро друштво започнува вечерва во 17.30 часот, во просториите на киното “Мис Стон“, со една посебна проекција насловена “ЗА ВИДЕОАРТОТ НА ЕДЕН ФЛАНЕР (клиничка слика на периферното)“. Интригирачко патување во светот на видеоартот на уметникот Борјан Заревски презентирано од страна на кураторот Влатко Галевски, како совршен вовед во Winter Apricots 2023.

Музичката програма на фестивалот исто така започнува денеска со концерт на енергичното авангардно дуо СИЗ од Куманово, со почеток од 21.00 часот. Во сабота вечер односно затворањето на фестивалот е резервирано за свинг-одисејата на Летечки Пекинезери и нивнaта инволвирачка атмосфера.

Меѓународниот филмски фестивал „Winter Apricots“ се одржува од 14 до 16 декември 2023 година, во Прилеп, по осми пат.

За време на фестивалските денови публиката ќе има можност да погледне филмови во три натпреварувачки селекции (национална, балканска и интернационална), како и неколку придружни програми. Покрај филмови, фестивалот ќе биде домаќин и на повеќе гости, работилници, концерти, како и специјални програми.

Би можело да ве интересира

Koнeчно договор, парламентарните избори ќе се одржат на 15 јули

Гордана Цветаноска

(Точила) Страв кај жителите од кучињата скитници – има ли градот решение?!

Пела Редакција

Подгответе се: Утре влажен бран, силен ветер и врнежи над 20 литри на м2

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе