7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Јакимовска: Промените, одговорот и решението е во нас самите!

По втор пат компанијата Комфи Ангел и генералниот менаџер Ирена Јакимовска беа домаќинки на градската слава Свети Никола која годинава се чествува по 18 ти пат во Прилеп. Во прекрасна атмосфера, достоинствено и достојно на традицијата и верата центарот на Прилеп сјаеше на декемвриското сонце во чест на големиот православен празник. За прв пат годинава се одржа литија во чест на празникот од црквата Свето Благовештение каде се одржа светата утрена богослужба до параклисот во чест на градскиот патрон. До година домаќин ќе биде Општина Прилеп, посочи градоначалникот Борче Јовчески во обраќањето честитајќи го празникот. Ирена Јакимовска се заблагодари за укажаната можност компанијата да придонесе за градот и на ваков начин, со многу емоции таа посочи дека традицијата треба продолжи со многу посветеност и љубов кон нашата вера, верба и особено – почит кон нашите предци:

 

За многу години прилепчани, за многу години Прилеп. Велат дека епитет на прилепчани е дека сме биле добри домаќини. Дека ја отвораме нашата порта, нашата синија и нашето срце искрено ама за тужџите. Не за нашите. Ајде денеска овде на Свети Никола да си ветиме дека нема да бидеме тужџи едни со други. Дека ќе си ја отвориме портата, срцето и синијата на прилепчанецот, на братот прилепчанец, на сестрата прилепчанка, на комшијата, на колегата искрено ќе си го сакаме. Ајде да го надминеме тој лош епитет кој што не’ носи дека не можеме да поднесеме успех! Дека не сакаме луѓето да бидат успешни дека се радуваме на нивните несреќи. НЕ!!!  Како што кажа мојот омилен владика и му благодарам што постои – во нас е проблемот!!! И само во нас е решението!!!

Ако можеле некогаш нашите предци во црквата Благовештение каде што бевме пред малку и каде што уживав, каде што истото сонце греело од тоа мало пенџерче, и не’ милуваше, во тие тешки времиња без технологија, без држава, без ова што го имаме денеска да изградат онакво нешто во борба со тие од кои биле поробени тогаш, факт е дека Турците владееле, Турците им го овозможиле тоа. Ако тие можеле да направат такво здание во тоа време – зошто ние не можеме да го одржиме?! Каде е проблемот? Во нашите предци – не! Нив треба да ги величиме и да кажеме денеска овде – ви благодариме што сте постоеле, бидејќи и заради вас постојам вас овдека и заради вас го имам најголемото богатство – семејството!

Да се запрашаме зошто ние не сме способни, а сме поедуцирани, пообразовани, поинформирани да го задржиме она што предците ни го дале и толку тешко се бореле за истото. Одговорот е во нас. И промените се во нас и се надевам. Мислев дека е чиста про форма кога Тоше Проески велеше: Ве сакам сите!  Сега го сфаќам Тоше Проески зошто го велел тоа. Тој во суштина си го сакал својот народ. Само бил нескромен и бил искрен и го признал тоа. Ајде зошто ние се плашиме да си признаеме дека се сакаме. Само тоа е изворот на нашето решение. Сите ние се крстиме. Сто пати во текот на денот, сто молитви, а забораваме на суштината на нашата религија – а тоа е љубов и ништо друго и нема посветло од љубовта!!! Љубовта пред се’ спрема бога, спрема родителите, спрема државата. Само 123 земји во светот имаат држава. Такви среќници, таков народ сме и ние. Љубов спрема таа држава. Љубов спрема сопственото дете, љубов спрема колега, спрема претпоставениот. Суштината на проблемот е во нас и само ние можеме да го решиме. На крајот ќе кажам дека по втор пат е Комфи Ангел домаќин и верувајте ме со оглед на тоа што мисијата и визијата на компанијата е дека: Креираме компанија која што ќе постои и после нас и 100 пати ќе биде домаќин!!! А знаете ли зошто? Затоа што опстојува во Прилеп, целата додадена вредност ја создава во Прилеп, со прилепчани. Како да не вратиш некаде каде што нешто ствараш?!  Кога бог ти овозможил да ствараш нешто додатно, ти имаш обврска морална одговорност да вратиш во тоа општество. И затоа Конфи Ангел уште многу пати ќе покаже дека е достоинствен домаќин, рече Ирена Јакимовска, генерален менаџер на Комфи Ангел.

Би можело да ве интересира

„Не бегај од опера“ концерт во Цепенков

Селото Пресил очекува канализација

Елизабета Филипоска

Вработените од Жито Прилеп најавуваат престанок на работа

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе