21.5 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Повотрно опожарено возило во Прилеп, од пожарот оштетена и фасадата од куќата

Утрово ( 20.12.2023)  околу 01.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Киро Базерко“  било опожарено паркирано патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М.(50) од Прилеп. Возилото целосно изгорело, а од пожарот била оштетена и фасада на куќа. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Увид извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп,информираат од СВР Битола

Ова е трето опожарено возило во Прилеп. Само пред неколку дена полицијата информира за две опжарени возила На 17.12.2023, во 22.00 ч. во ОВР Прилеп, Д.В.(47) од Прилеп пријавил дека на ул.„Кузман Шапкарев” било опожарено неговото патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки.  Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица немало и предходниот ден, на 16.12.2023 , во 15.09 часот,  во СВР Битола, С.А.(45) од Прилеп пријавил дека на ул„Орде Чопела” било опожарено неговото патничкото возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки.

Би можело да ве интересира

Прилепчани зазеле плажа во Охрид и си поставиле камп

Елизабета Филипоска

ОД ПОЛИЦИКИОТ БИЛТЕН: Пронаден затвореник и вратен во затвор- снаата ја напднала свекрвата- лице каснато од куче скитник

Елизабета Филипоска

Акциска контрола во Прилеп, кај едно лице пронајдена дрога, 24 санкционирани возачи

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе