16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Предновогодишен хуманитарен базар на ОО на СДСМ Прилеп

Во центарот на Прилеп ОО на СДСМ организира предновогодишен хуманитарен базар. „Новогодишните и Божиќните празници се повод да им подадеме рака на ранливите категории граѓани со цел секој од нив да може да ја почуствува празичната магија – посочи Александар Ѓорѓиоски од ОО на СДСМ – Прилеп, при оваа прилика.

Почитувани пријатели, драги сограѓани да им се помогне на немоќните , на сиромашните не значи само опшествена одговорност на одредена институција или на поединецот. Новогодишните и Божиќните празници се повод да им подадеме рака на ранливите категории на граѓани со цел секој од нив , барем за кратко да ја почуствива празничната магија.Токму затоа ОО на СДСМ Прилеп го организира овој предновогодишен хуманитарен базар.  Издвојувајќи дел од семејниот буџет, а согласно начелата за социјална демократија, членовите од СДСМ од нашиот град уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело. Сите средства кои се собрани денеска на овој хуманитарен базар ќе бидат наменети за нашите сограѓани на кои во овој момент помошта им е најопходна, односно сите собрани средства од овој хуманитарен базар ќе бидат наменети за лицата со посебни потреби од здружението “Порака“, истакна Ѓорѓиоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Прилеп: Пораката од пописот е поразителна

ВМРО ДПМНЕ има водечка позиција во Прилеп и во 50 други општини

Пела Редакција

Пачешкоски се пофали: Двојно ја зголемивме минималната плата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе