11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пријавени 200 деца за учество во Бадниковата поворка во Прилеп, уште има можност за пријавување

Оваа година Бадниковите поворки се одржуваат под мотото ,,Почувствувај радост”. Пријавени се околу 200 дечиња до сега, но на последната проба на 28.12.2023 четврток, во 18:00 часот во фоајето на НУЦК Марко Цепенков и на денот на поворката очекуваме да се приклучат повеќе дечиња, посочуваат од организаторот Здружение ,,Бадникови поворки”:
Поворката започнува од Камената бина во 10:00 часот на 06.01.2024 каде што децата ќе ги отпеат песничките ,,Вечниот Бог”, ,,Тропар на Рожденство Христово” и ,,Кондак на Рожденство Христово”. Тука дечињата ќе бидат пречекани од градоначалникот на Прилеп, г-динот Борче Јовчески кој симболично ќе ги дарува.
Пеејќи ја ,,Вечниот Бог”, поворката продолжува кон уличките низ старата чаршија, потоа се враќаме до божиќната пештера во центарот на градот и се  упатуваме кон најблискиот храм, црквата Св. Кирил и Методиј (Параклис), посочуваат организаторите.
Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божиќната пештера во која е претставен целиот настан на Христовото Раѓање – Божиќ.

Би можело да ве интересира

Велигденска честитка од градоначалникот на Прилеп

Елизабета Филипоска

Програма за понеделник 12 јуни (57. МТФ „Војдан Чернодрински“)

Филмот „Убиј ги прво децата“ ќе се прикажува во Мис Стон

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе