7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Се подготвуваат Бадниковите поворки во Прилеп

Во Прилеп се е подготвено за Бадниковите поворки . Во  центарот на Прилеп веќе е  поставена Божиќната пештера, а над 200 дечиња од 4 до 13 години не уморно ги вежбат ангелските песни и песната „Вечен е Бог“ најавувајќи со кое ќе го најават Христовото раѓање, песничките за Рождеството Хрисово , кои ќе ги пеат на  Бадниковите поворки. Неколку недели организаторите од здружението „Бадникови поворки“ се подготвуваат за овој настан, изработувајќи ѕвезди заедно со дечињата, вежбајќи ја Бадниковата поворка и учејќи ги ангелските песни за Рождеството Христово.
 „Ги покануваме сите со радост да го дочекаме и прославиме Христовото раѓање – Божиќ, “ вели Катерина Левкоска – координатор за Прилеп, на здружение ,,Бадникови поворки” кои се организатори на оваа манифестација во повеќе од 65 градови во Македонија.
Оваа година Бадниковите поворки  се одржуваат под мотото ,,Почувствувај радост”. Поворката во Прилеп ќе започне од Камената бина,  во 10:00 часот, на 06.01.2024,  каде што децата ќе ги отпеат песничките ,,Вечниот Бог”, ,,Тропар на Рожденство Христово” и ,,Кондак на Рожденство Христово”.
Тука, дечињата ќе бидат пречекани од градоначалникот на Прилеп,  Борче Јовчески кој симболично ќе ги дарува.Пеејќи ја ,,Вечниот Бог”, поворката продолжува кон уличките низ старата чаршија, потоа се враќа до божиќната пештера во центарот на градот, која веќе е псотавена,  и се  упатува кон најблискиот храм, црквата Св. Кирил и Методиј (Параклис).
„Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот.
Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божиќната пештера во која е претставен целиот настан на Христовото Раѓање – Божиќ,“ велат организаторите на Бадниковие поворки во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Опожарени новите електрични мини-буси во Прилеп на Автобуската станица

Пела Редакција

Три дена ќе протестираат угостителите

Елизабета Филипоска

ПОВТОРНО РОЗИ ЗА ТОШЕ НА ПАТОТ ДО НЕГОВОТО ВЕЧНО ПОЧИВАЛИШТЕ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе