5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Најрадосната – Бадниковата поворка го најави Раѓањето Христово Божик (ВИДЕО-ФОТО)

Бадниковата поворка во Прилеп со радост и песна го најави Раѓањето Христово – Божик.  Над 200 дечиња учествуваа во најрадосната поворка под мотото ,,Почувствувај радост” денеска, Бадник, 6 ти јануари.  Во 10:00 часот поворката започна од Камената бина каде што децата ги пееја песничките ,,Вечниот Бог”, ,,Тропар на Рожденство Христово” и ,,Кондак на Рожденство Христово”.

Дечињата тука беа  пречекани и дарувани од градоначалникот на Прилеп,  Борче Јовчески.

Пеејќи ја ,,Вечниот Бог”, поворката продолжи кон уличките низ старата чаршија, а потоа се врати  до божиќната пештера во центарот на градот, од каде се упати кон храмот Св Петка -Точила. Во овој свет храм за прв пат се одржува Божиќен конкурс а денеска беше прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите за конкурсот.  Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот.

Манифестацијата по 14 пат е во организација на Здружението „Бадникови поворки“, а се одржува во исто време над 75 градови и села низ Македонија.

 

 

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп го осудува насилството и бара МВР и ОВР Прилеп да понесат одговорност

Во сообраќајка загина 21-годишно момче на излезот од Прилеп кон Битола

Комуналец Прилеп: Исчистивме над 20 диви депонии, акциите продолжуваат

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе