11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија формира општинска организација во Прилеп

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија формираше Општинска организација во Прилеп и на таков начин граѓанската иницијатива „За нашите граѓани“ прерасна во политички огранок. На изборната конференција синоќа во кино салата Мис Стон присуствуваше Максим Димитриевски, претседател на Движењето ЗНАМ, како и голем број прилепчани поддржувачи на ова движење. Која е основната идеја и причината за формирање на едно ново политичко движење говореше пред присутните  Димитриевски.

– Идејата дојде од локалните избори. Вечерва најотворено, најпријателски со вас заедно мои сегашни и идни соборци сакам да споделам зошто дојде до една таква иницијатива. Јас како млад човек 94 та година кога се вратив од отслужување на воениот рок се определив политички како и многу други млади луѓе на тие години. Влегов со основна идеја, мисла и идеологија дека Македонија како нова држава треба да се гради, треба да се создава. Служевме во АРМ со пушки кои што ги носеа не моите, вашите дедовци. Но, ја сакавме државата. Се водевме од идеали на Крушево и АСНОМ. И тоа беше целта да се создаде една мала, но стабилна и убава држава. Од тогаш наваму учествував во многу општествени процеси, смени, протести, но во одредени моменти и во споделување на власта.  На претпоследните локални избори добив доверба да го водам Куманово, најголема општина во државата. И тогаш се соочив со првите неправди, тогаш всушност ја видов тежината и одговорноста на власта. Но и сето она што се случува на масата, но и зад завесата. Сите оние непристојни предлози, сето она што ја урива нашата држава и сето она што гази по демократијата. Корупција, непотизам, поделеност, лицемерие, неправда, недругарство каде што секој секого го ословува како другар . Ние тоа го видовме, се боревме за праведно општество, општество кое треба да им припадне на сите, а всушност му припадна на поединци, на сите оние кои седнаа во фотелјите на власта, рече меѓу другото Максим Димитриевски, претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Емил Јанески беше избран за претседател на Општинската организација во Прилеп, а избрани се и членовите на Извршниот и Надзорниот одбор.

– Овој политички субјект во навистина сензитивен политички момент никнува на македонската политичка сцена. Имаме целосно девастиран политички систем, имаме руинирано образование, здравство, имаме политичари кои што не само што не донесоа правда и мир како што ветуваа, туку ги надминаа нивните противници од ВМРО ДПМНЕ во однос на нивото на криминал и корупција. Ама во исто време без око да им трепне продаваат се’ што е македонско и тоа во услови кога за жал, како никогаш досега е нападнат македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонската засебност, македонската историја. Од тие причини овој политички субјект има за цел првенствено да ја врати насмевката на лицата на нашиот народ, одново да ги изгради институциите на системот, да ја врати довербата на граѓаните во државните институции. Да направи се’ младите да не купуваат карта во еден правец да ја напуштат државата. И да, да направи се’ да влеземе во ЕУ меѓутоа како Македонци кои зборуваат македонски јазик, имаат своја историја. Македонци со исправена глава и исправена кичма и никако поинаку, рече Емил Јанески.

Граѓанското здружение „За нашите граѓани“ во Прилеп се формира во 2022 година и беше дел од 10 граѓански иницијативи кои прераснаа во политичка партија Движење Знам за наша Македонија.

Би можело да ве интересира

Првиот ден од новата година и струјомерите почнаа да вртат по нови цени, а на сметките се воведе и нова давачка

Елизабета Филипоска

Емиратите ѝ донираа 10 тoни медицинска опрема на Македонија и тестови за коронавирус

Елизабета Филипоска

Нов медицински шприц патентира 16-ет годишен Прилепчанец

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе