7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Николоски: 34 милиони евра планираме за Прилеп

На отчетот на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој денеска го имаше  пред граѓаните на Прилеп присуствуваше и потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски кој искажа поддршка и како што рече, задоволство од она што е сработено до сега.

„Ние како политичка партија која што стои позади мнозинството во советот и го кандидираше градоначалникот за градоначалник сме исклучително задоволни од работата во општина Прилеп и сметаме дека она што се случува во изминатите две години е навистина позитивно. Градоначалникот зборуваше за изминатите проекти, на презентацијата ќе оди и детално. Јас би сакал да кажам неколку збора за иднина.

Она што ќе биде наше основно ветување во кампањата која почнува за парламентарните избори е дека буџетот во дел на капитални инвестиции или расходи ќе се децентрализира, и дека голем дел од средствата ќе се спуштаат директно во општините. Конкретно за општина Прилеп планираме во еден четири годишен мандат да се потрошат 34 милиони евра за капитални инвестиции или по година тоа е 8.5 милиони евра.

Тоа се средства кои што градот никогаш претходно не ги видел, средства со кои што целосно градот инфраструктурно ќе се преобрази, дали зборуваме за инфраструктура во делот на водоводи, канализации, патна инфраструктура, изградба на плоштади, заштита на старо градско јадро или зборуваме во делот на образование на изградба на училишта, пред школска возраст изградба на градинки, примарна здравствена заштита, изградба на амбуланти и поддршка на докторите од примарната заштита, социјални грижи, субвенции и сето она што може да вклучи една работа на општина. Така што овие средства дополнети со буџетот на општината кои што сега секако останува и ќе ги дополнува овие средства во рок од 4 години треба да не донесе до ситуација да градот целосно се прероди и имаме комплетна нова слика. Ова паралелно со силната битка со организиран криминал и корупција која што ќе се случи и првите резултати ќе се видат уште во првите 100 дена, каде што оние за кои има сомнежи ќе бидат изведен и пред лицето на правдата, како и силниот интензитет на поддршка на стопанството и на домашните и странските инвестиции, а пред се поддршка на извозот затоа што ние сме мала држава и мораме да стимулираме е извозни фирми кои што ќе носат работни места и пари во Македонија. Овие три работи заедно ќе направат многу попријатно место за живеење. Уште еднаш сакам да искажам поддршка на градоначалникот Борче Јовчески, но исто така да се заблагодарам и на претседателот на совет Проданоски, на пратениците Лашкоска и Ристески кои што заеднички работат градот да оди напред. А после изборите и со наша помош ќе гледаме многу поголеми дела“ рече Николоски.

Николоски истакна дека ова што важи за Прилеп, ќе важи за останатите општини „ И најбитно е да престане политиката на одлучување во Скопје, бидејќи градоначалниците и советниците најдобро знаат што им е потребно на нивните градови. Мислам дека треба да дојде време општините сами да решаваат без мешање на централната власт“, рече тој.

 

Би можело да ве интересира

Николоски од ВМРО ДПМНЕ: Македонија е во една економска и здравствена катастрофа

Елизабета Филипоска

И, денска не проработи во целост веб сајтот на ДИК. Статус -кво во прилепските политички штабови

Елизабета Филипоска

ОК ВМРО-ДПМНЕ: стадионот во Тополчани беше гордост за мештаните

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе