11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Соопштение од МВР за промената на возачките и сообраќајните дозволи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, возачките дозволи и сообраќајните дозволи со името “Република Македонија“ кои се уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија“ и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци, до 31 декември 2024 година.  Но, за истите документи пропишанa е административнa таксa која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел. МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа, информираат од МВР.

Соопштение:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, возачките дозволи и сообраќајните дозволи со името “Република Македонија“ кои се уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија“ и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци,  до 31 декември 2024 година. Но, за истите документи пропишанa е административнa таксa која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел. МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа, стои во соопштението од МВР.
Со старите лични карти, може да се влезе во Србија, Албанија и во Косово, а на регистарските таблички треба да имате налепница со „НМК“.

Би можело да ве интересира

10 ПРИЛЕПЧАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД НОВИОТ КОВИД ВИРУС

Елизабета Филипоска

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ПРИЛЕП

Гордана Цветаноска

И денеска многу топло време, ризично за здравјето

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе