Утрово, и вработените во ЈП „Национални шуми“ -подружница „Црн Бор„-Прилеп се приклучија на најавениот генерален штрајк од оваа јавно претпријатие, поради, како што велат, нередовна исплата на платите и додатоците на плата.
Вработенте бараат исплата на платите за јануари и февруари и на додатокот за работа на терен, кој посочија, дека не го добиле речиси една година.
„Штрајкот е организиран на еден транспарентен начин ,онаму каде што членуваме во Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање .Штрајкот е организиран врз основа на неисплатена јануарска плата, а февруарската ни е на прагот,имаме не исплатени теренски додаток за едн агодина. Штрајкот ќе трае се додека не се исплнат нашите барања. И, ако беше ветеувано дека овие барања ќе бидат реализирани,до ден денес тоа не е направено. Сите вработени се вклучени во штрајкот „ вели Боби Кукуноски, синдикален преставник на подружницата „Македонски шуми „- Прилеп .
Иван Пешевски, претседателот од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на прес во Скопје пред новинарите изјави дека дополнително револтот на вработените пораснал по огласот за вработувања на 400 нови лица, непосредно пред изборите, „додека речиси 2000 вработени немаат редовни примања„ рече тој
Директорот на Шуми, Валентин Груевски за Канал 5 објаснил дека платата доцнела од причина што имале најава за парична помош од страна на Владата, која се очекува да пристигне најдоцна до среда, со што вели дека јануарските плати ќе бидат веднаш исплатени, а за февруарските плати уверува дека ќе бидат исплатени во законскиот рок кој е до 15 март.
Прилепската подружница на Македонски шуми, има 52 вработени. Сите се вклучуваат во генералниот штрајак, кој ќе трае се додека не бидат исполнети барања на вработените.
Инаку, по еднонеделен мирен предупредувачки протест околу 2 000 вработени во 30-тина подружници на Национални шуми во земјава од денеска (7 март) стапија во штрајк со барање до раководниот тим на Јавното претпријатие да ја исплати јануарската, како и феврурската плата за која рокот е до 15- ти март, како и исплата на сите додатоци од работа.