16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Авто Контрол со знак на внимание за жените учеснички во сообраќајот (ФОТО-ВИДЕО))

Авто Контрол Станица за технички преглед во соработка со МВР и сообраќајната стpука при СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, денеска организираше превентивна активност во центарот на градот Прилеп. Учениците и нивните ментори заедно со вработени од Авто Контрол и сообраќајната полиција делеа флаери со едукативна содржина, цвеќе и пригодни подароци наменети за жени – возачи и случајни минувачки по повод празникот 8 ми Март Меѓународниот ден на жената. Целта е на овој начин по повод 8 Март празникот на жената, превентивно да се делува за поголема безбедност во сообраќајот, но и да се признае придонесот на жените во сите сфери на животот, па и во сообраќајот. Во центарот на Прилеп денеска беа поделени над 500 флаери и пригодни подароци, што изнуди насмевки и радост кај секоја жена и девојка.

Учениците од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ традиционално се дел од слични превентивни активности поврзани со безбедноста во сообраќајот, вели професорката Виолета Ржаникоска:

Би можело да ве интересира

Прилеп има 6 случаи на заболени од коронавирус

ЗОКУМ чести книги, а кафето е на ваша сметка

Пела Редакција

Крушево-почнува чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе