11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

На 18 ти март завршува увидот во Избирачкиот список

Граѓаните имаат уште три дена  рок да направат увид во избирачкиот список и да побараат впишување или бришење во истиот. И со истечени документи но не постари од девет месеци, оние кои се запишани во избирачкиот список ќе можат да гласаат и на претседателските и на парламентарните избори. Ќе можат да гласаат и лицата кои до датумот на закажани избори односно до 24 април или до 8 мај наполниле 18 години, за што ќе мора да покажат лична карта или пасош за да им биде дозволено да го исполнат избирачккото право.

За дијаспората останува условот дека доколку немаат адреса на живеење во Македонија нема да можат да гласаат и на двата изборни циклуси. Според Комисијата во однос на парламентарните избори, доколку во избирачките места во странство не се пријават најмалку 10 граѓани, гласање нема да има.

Досега или заклучно со 14 март, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, увид на своите податоци во избирачкиот список направиле 4859 лица. Од дијаспората пак засега се пристигнати вкупно 1476 пријави од кои 1126 се прифатени.

Инаку, од утре, 16 ти март до изборите има посебни правила поврзани со јавните настани како што се фрлање лопати и сечење ленти. Роковникот меѓу другото вели „20 дена пред започнувањето на изборна кампања не може да се одржуваат јавни настани по повод започнувањето на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или на јавни претпријатија со државен капитал во инфраструктурата како патишта, водоводи, спортски игралишта, градинки и други објекти“.

За време на кампањата, пак, функционерите не смеат да се развозуваат по митинзи и граѓански собири со скапите службени автомобили.

„За потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста“, пишува во изборниот законик.

На веб сајтот на антикорупциска има има регистар на сите службени возила, кои можат да се пребаруваат по регистарска таблица. Ги има вкупно 5.500 на број. Така граѓаните ќе може да проверат дали функционерот доаѓа со свој или со државен автомобил.

 

Би можело да ве интересира

19 години од масакрот кај Карпалак – чествувањата започнуваат од вечерва

Елизабета Филипоска

Градоначалникот Јовчески на терен со секторот за урбанизам – да се уредат пешачките зони

Елизабета Филипоска

Прекини во снабдување со струја во Прилеп и повеќе села во општините Долнени и Кривогаштани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе