11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Отворен ден на Армијата во Прилеп по повод 75 год. од формирањето на НАТО

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во соработка со локалната самоуправа, денеска со почеток од 15:00 часот на плоштадот Александрија во Прилеп организираат отворен ден за граѓаните. Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата.

На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да се запознаат со артилериските системи и орудија од артилерискиот баталјон, вооружување, воената опрема и возила од повеќе единици, меѓу кои од пешадиските единици, баталјонот на воена полиција, баталјонот за врски и изидувачко разузнувачкиот баталјон.

Граѓаните исто така ќе имаат прилика да ги проследат борбените вештини на припадниците на баталјонот за специјални сили и алпинистичките вештини на ренџерите од составот на изидувачко разузнувачкиот баталјон.

Активноста ќе биде проследена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и претставници од локалната самоуправа.

Отворениот ден во Прилеп е дел од планираните настани кои се организираат во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои ќе се одбележат 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Претходно, граѓаните на Струмица, Кавадарци, Штип и Тетово имаа можност да присуствуваат на овие настани, а вакви отворени денови следуваат во Скопје, Охрид и Кичево

Би можело да ве интересира

Електро – машинци, ученици, се обучуваат во Комбинатот

Елизабета Филипоска

За подобрување на социјална заштита потребна е поголема меѓусекторска соработка !

Гордана Цветаноска

Против осум лица СВР Битола поднесе кривични пријави за предизвикување пожари

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе