30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во директен судир загина 29 годишник на Плетвар-сообраќајот се одвива по една лента

Во сообраќајката вечерва на патот Градско – Прилеп , меѓу крстосницата за село Ореовец и село Плетвар, на превојот Плетвар, животот го загуби 29-годишник од Прилеп. Во несреќата учествувале возило со прилепски регистарски таблички и цистерна, при што дошло до директен судир.

Сообраќајот на делницата е во прекин од 18 часот и формирана е огромна колона на возила.

„Од 21.00 ч. соообраќајот Прилеп-Градско се одвива наизменично по една коловозна лента“, информираат од АМСМ.

Ова е втора тешка сообраќајка за три дена. Претходно се случи сообраќајка на истата делница, по која 20-годишно момче се бори за живот на скопските клиники.

Би можело да ве интересира

Кај с.Бела Црква 61-годишен моторциклист тешко повреден

Казна за 25 прилепчани поради непочитување на полицискиот час

Пожарот ја уништи покуќнината на две прилепски семејства (ФОТО – ВИДЕО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе