11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

В сабота можност за сликање за лични документи за лица кои наполниле 18 години без закажан термин

Министерството за внатрешни работи, во сабота (06.04.2024), од 08.00 до 15.00 часот, за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош, ќе организира фотографирање за лични документи, без закажан термин, во подрачните канцеларии за управни работи низ државата.

Станува збор за граѓани кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ .„ Тие можат в сабота, во подрачните канцеларии за управни работи низ државата,  да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори“ ,информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот ги задолжи компаниите за итна дезинфекција на автобусите за превоз на вработените

Гордана Цветаноска

Студените утра со температури под нулата не го одминуваат Прилеп

Елизабета Филипоска

Нема повеќе полициски час за возрани и малолетни

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе