-0.8 C
Прилеп
сабота, 4 јануари, 2025
Пела Радио

Се подготвува претставата „Поблиску“ во театарот Војдан Чернодрински

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките за претставата „Поблиску“, текст од Патрик Марбер, во режија на Кирил Петрески. Текстот и авторот првпат се поставува во прилепскиот театар.

-Се работи за еден специфичен драмски текст кој што се занимава со односите на маж – жена и прави анализа на деструктивните можности на љубовта, интимноста и телесните желби меѓу два модерни парови – вели режисерот Петрески.

Во претствата ќе играат  Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Илија Волчески и Дарко Карбески.

Костимограф е Александар Џинго, изборот на музиката е  на режисерот Петрески и Томе Темелкоски. Премиерата е планирана за месец мај. Авторот Патрик Марбер е современ англиски драматург, театарски и филмски режисер, актер и сценарист. Автор е на повеќе пиеси, сценарија за филмови, професор по современ театар на Оксфордскиот универзитет.

Би можело да ве интересира

Крушевчани ќе ја подобруваат хигиената околу вештачкото езеро

Елизабета Филипоска

Прилеп домаќин на изложба „Македонија во светот на хералдиката “

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (35)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе