7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Димитриевски: нема да дозволам Македонецот да биде граѓанин од втор ред во својата држава

„Работникот згазен, пензионерот прегазен, обичниот човек згазен, а ги гледаме како аздисуваат со најскапи коли и живеат по велелепни вили во странство, а Македонија тоне во проблеми. Сметам дека луѓето од  Знам за наша Македонија се одважија во круцијален момент за државата да се обидат да ги променат нештата“, порача денеска од Прилеп претседателскиот кандидат Максим Димитриевски.

Пред прилепчани вечерва тој порача дека нема да потклекнува на притисоци и закани од Бугарија која ја користи својата позиција за членство на Македонија во ЕУ.

„ Како што тие милуваат да не’ наречат браќа, нека го докажат тоа и нека ни го одбликираат процесот. Во спротивно историјата ни се повторува. А ние Македонците ќе се обединиме и ќе се самоорганизираме, бидејќи друго нема“, рече Димитриевски.

Презентирајќи го концептот „Манифест за Македонија“ Димитриевски посочи посочи дека овие избори се суштински за државата:

„Зошто Манифест? Затоа што овие избори, оваа година се суштинските избори: каде тоа понатаму, како и на кој начин ќе се движи Македонија. Дали ќе останеме свои на своето или ќе дораспродадеме тоа што остана и нешто од Македонија. Затоа што јас не сакам, ниту ќе дозволам некогаш од позиција на „татко на нацијата“  и претседател на Македонија, Македонецот да биде граѓанин од втор ред во својата држава,“ рече Димитриевски.

Осврнувајќи се на состојбите во државата тој нагласи дека нема да дозволи некој од ДУИ или било кој друг, да ги користи како привезок политичките субјекти од македонскиот естаблишмент.

„Јас не сакам да плаќам данок во држава и да го гледам како Артан Груби игра фудбал во неговиот кабинет во паралелната влада која што ја има формирано во Скопје, а при тоа целата власт и опозиција да молчи.

Но исто така не сакам да гледам ни како во тие државни кабинети кои што се финансираат од наши пари се пејат ора и песни на господинот Али Ахмети, кој како сива еминенција ја управува Македонија и владата од сенка. А овие му служат како кукли и ги движи како сака. Македонија заслужува многу повеќе од ова што го има. Македонија заслужува претседател кој излегува од граѓаните, ќе работи и ќе им служи на граѓаните. Доволно беа претседатели кои што не излегуваа од вилата на Водно и не знаеја како народот живее и во какви услови опстојува,“ порача претседателскиот кандидат Максим Димитриевски од средбата со граѓаните во Прилеп.

Караванот на кандидатот за Претседател на Македонија на Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, Максим Димитриевски,  претходно денеска  ги посети Кичево, Демир Хисар и Кривогаштани.

 

Би можело да ве интересира

Студените утра со температури под нулата не го одминуваат Прилеп

Елизабета Филипоска

Маестрален концерт на прилепскиот хор „Керамија“ (ВИДЕО)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (49)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе