7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Г.Петар чиноначалствуваше со литургијата, а голем број верници го посетија храмот „Вознесение Христово“ во с.Тополчани по повод св. Марија Египетска

Се повеќе духовнa радост во  храмот „Вознесение Христово“  во Тополчани. По повод големиот христијански празник  св. Марија Египетска храмот денеска го посети и служеше Света Архиерејска божествената Литургија,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар,кој им направи чест на домаќините посетувајќи го храмот Вознесение Христово и пред верниците ја нагласи важноста од верата и почита кон Бога, како духовен патоказ на човекот кон негување на човечките вредностите: љубов, покајание, надеж, радост и вера.   Голем број верници присуствуваа на овој духовен чин, се помолија за здравје на своите семејства и беа дел од богослужбата која ја служеше Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар,  во петтата оваа петта недела од Великиот Пост  на ден посветен на преподобната Марија Египетска. Во духот на традицијата, како добри домаќини и верници жителите на с.Топочани, во чест на празникот послужија и посна трпеза , за сите добронамерници, а одбележувањето на празник  св Марија Египетска, заврши со сенародна веселба.

Храмот„Вознесение Христово“ заживува особено по возобновувањето на редовниот литургиски живот, благодарение на парохискиот свештеник, отец Емилијан , чии приоденес верниците го вреднуваат со големо присуство и почит кон богослужбите кои редовно се одржуваат во црковниот храм.

 

Инаку, петтата недела од Великиот Пост е посветена на преподобната Марија Египетска , бидејќи во оваа недела, една пред почетокот на Страсната Седмица, Црквата ја достигнува полнотата на покајанието. А светата Марија Египетска е впечатлив пример токму на длабоко покајание. Таа од својата дванаесетта година почнала да живее развратно и во разврат поминала седумнаесет години. Во една прилика, дошла во Јерусалим и посакала да влезе в црква и да му се поклони на Чесниот Крст, но некоја невидлива сила ја задржувала и не ѝ допуштала да влезе. Во голем страв погледнала во иконата на Пресвета Богородица во припратата на црквата, молејќи се кон Пречистата да ѝ дозволи да влезе и да го целива Чесниот Крст, ветувајќи дека потоа ќе го смени својот живот. Тогаш ѝ било дозволено да влезе в црква. А таа, откако го целивала Чесниот Крст, оставила сè и се населила во пустината од другата страна на Јордан. Таму поживеала цели четириесет и осум години, во преголеми маки, во борба со страсните помисли како со диви ѕверови. Така, таа од голема грешница, со Божја помош, станала голема светителка, се вели во Светото Евангелие.

Би можело да ве интересира

Да му помогнеме на бебето Марија кое штом ќе заспие не диши

Елизабета Филипоска

Гранде Пандев : Сите на хуманитарен концерт на 19-ти во Прилеп (ВИДЕО+ФОТО)

Велигденска донација за гинеколошкото одделение во прилепската болница

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе