Советниците на Советот на Општина Прилеп на 42 седница се дадоа во дискусија по бројни точки од дневниот ред. Едногласно ја прифатија донација на МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп во материјални добра- тампон за реализација на тековните градежни проекти на Општина Прилеп, позитивно одлучија за донација во парични средства како поддршка на проект од јавен интерес „Паметно управување со отпад од пакување„ од страна на Општина Прилеп, ги одобрија фотоволтаиците (односно соларен ПВТ систем 40 KW и 30 термални колектори), надополнет со терминална пумпа, да бидат во трајно користење на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“- Прилеп и одобрија , опрема за прифатилиште на бездомни кучиња (дрвени куќарки за кучиња и друга опрема за прифатилиште на бездомни кучиња) да биде на трајно користење на ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп.
Дискусиите настанаа по предког- одлуката за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп, за период од 01.10.2023 година до 31.12.2023 година, годишната сметка и извештајот за работењето на ЈП за ПУП Прилеп, за 2023 година и за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп, за период од 01.10.2023 година до 31.12.2023 година. Советниците бараа одоговор за тоа како Комуналец работи и како ќе ги подмири обврските од еден милион евра , а директорот сметаше дека сите критики упатени за работењето на Комуналец се само една цел добивање „дневно политички поени“ од старна на советниците од опозицијата. Опозицијата посочи дека акутен проблем во градот е урбанизмот, па на говорницата излезе и директорот на ЈП за ПУП кој информира дека законски е пролонгирано донесувањето на ДУП , но и тоа дека ниту еден од проектите во Прилеп нема поминато без дополнителни работи, што го отежнува нивиното спроведување, алудирајќи, пред се на проектот „круежн тек кај раскрсницата кај ЦК Марко Цепенков“ . Пред советниците се најде и годишниот извештај за работата на ЈОУ Градска библиотека ,,Борка Талески’’- Прилеп и финансиски извештај за 2023 година на оваа установа, кои не беа усвоени.
Советниците на денешната седница ги разгледаа и годишните сметки на основните и средите училишта во Општина Прилеп, за 2023 година, донесоа одлуката за отпис на расипани и неупотребливи компјутерски системи и други електорнски уредиа на некои од училиштаа, но се задржаа за „што училиштата ги трошат средствата од Еразмос +, како училиштата ги вршат јавните набавки и дали го почитуваат законот за јавни набавки и дали училиштата рационално ги користат средствата за подобрување на условите за работа на учениците, каква е состојбата со организираниот превоз на учениците ?! По дел од овие прашање на говорницата се произнесе директорката на СОУ “Ѓорче Петров“ која образложи што е направено за подобрување на условите во оваа образовна институција и начиот на користење на средствата од проектни реализации во училиштето. Директорката на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ се изјасни дека за организираниот превоз на учениците веќе училиштата имаат склучено договор и преку анекс договори се реализира оваа постапка, па дебатата се раводни на објаснувања по ова прашање.
На 42 седница на Советот на Општина Прилеп беа ги разледани и усвоени и неколку предлог-одлуки за утврдување на услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправни објект по барање на физички лица.