На 37 ваги денеска се ценеше ориентален ароматичен тутун во Тутунски Комбинат АД Прилеп. На првиот ден во преземање на реколтата се вклучи и Кавекс Балкан од Неготино, а од наредната недела најавите се дека ќе се приклучат и останатите 8 компании.
Динамиката на откуп е нормална како за прв ден во некои мали размери.Во наредните денови, очекувам дека динамиката на откуп и ќе се зголемува од ден во ден. Се надевам дека тутунарите ќе бидат задоволни, од начинот на проценка, нормално и од цената. Не очекувам големи проблеми, се надеваме дека се’ ќе помине глатко и без дополнителни проблеми, како и за нас, така и за тутунарите. Исплатата ќе се одвојува исто како лани, два пати неделно, во вторник и петок, така да секој тутунар кој донесе тутун во Тутунски Комбинат, парите ќе ги добија најкасно 2 до 3 дена. Доколку откупувачите се решат за некоја корекција на цените, Тутунски Комбинат е спремен да ги следи тие цени и се’ што е откупено по стара цена да биде ретроактивно исплатено по новата цена, рече Александар Алексовски, генерален директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп.
И годинава откупните цени се проблематични за тутунарите бидејќи тие очекуваат да се покријат трошоците за производство но, и да се плати маката. Сојузот на тутунски здружение секојдневно е на „жешка линија“ со откупувачите, бараат зголемување на цените за да може да се врши проценка по класи. Има недостиг од 30 милиони килограми тутун на светски берзи каде се бара квалитет кој што е препознатлив за македонскиот ориентален тутун. За перспективите на оваа индустриска култура во Македонија разговаравме со Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

