0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

На претседателските избори демократското право на глас го остварија градоначалникот на Прилеп и Претседателот на Совет

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, утрото, заедно  со својата сопруга го оствари своето право на глас и ги повика прилепчани да го искористат своето демократско право, бидејќи, како што изјави тој „само така можеме да донесеме вистинска одлука за нашата татковина и за нашата иднина “ и да го направиме виситинскиот избор за претседател  „за кој граѓаните сметаат дека најдобро ќе се грижи за Република Македонија и ќе ги почитува националните вредности и својот народ.“ –  рече тој  при остарувањето на своето граѓанско право.
И, претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, воедно и кандидат на листата за пратеници од ИЕ4 од Коалицијата „Твоја Македонија“ ВМРО ДПМНЕ, ја оствари својата граѓанска обврска и повика граѓаните да излезат и да го дадат својот глас на Претседателските избори :
Денеска е светол ден за демократијата. Треба да се почитува демократијата, а народот е демократија и тој  треба да изборе кој во иднина ќе го преставува и ќе ги застапува нивните демократски права како Претседател на Република Македонија„ – рече тој на денот на гласањето.
Кандидатот за пратеник во ИЕ4 од Коалицијата „Твоја Македонија“ ВМРО ДПМНЕ, Петар Ристески, го оствари своето граѓанско право и на своето избрачко место повика на излезност и поддршка за нашиот претседателски кандидат н а ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова .

„Очекувам одличен резултат и со победа со голема разлика во првиот круг! Посакувам да добиеме претседател кој ќе се бори да завладее правото и правдата. Претседател кој ќе ги штити уставот и уставниот поредок, човековите права на граѓаните, националните и идентитетски прашања!“
И, Билјана Кузманоска, Кандидатот за пратеник во ИЕ4 од Коалицијата „Твоја Македонија“ ВМРО ДПМНЕ, денеска го остварив своето право на глас на претседателските избори. Таа на својот фејсбук профил напиша.
И, Билјана Кузманоска денес го остварив своеот право на глас на претседателските избори. Таа на својот фејсбук профил напиша.
Во овој мирен изборен ден би сакала да ги охрабрам прилепчани денеска да го искористат своето избирачко право и да го дадат своето мислење за тоа како и во кој правец во идните години треба да се движи Македонија, да го одберат оној кој што сметаат дека најдобро ќе придонесе во следните години за Македонија да биде поубаво место за живеење“– напиша Кузманоска
Во Прилеп денеска се гласаше на 142 избирачки места . Своето право на глас денеска можеа да го остварат 62 169 граѓани.

Би можело да ве интересира

Црвен крст Прилеп распиша конкурс за обука за лични асистенти за работа со лица со попреченост

Пела Редакција

Градската болница доби донација од Гентерм

Гордана Цветаноска

Почна асфалтирањето на мостот кај Сточен Пазар

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе