29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Насилникот бегалец фатен на Табановце, полицијата го приведе

Насилникот кој што вчера во Прилеп во расправија по сообраќајка, му нанел убодни рани на прилепчанец, по што избегал, полицијата го приведе на Граничниот премин Табановце:

На 03.10.2025 во 09:25 часот на Граничниот премин Табановце, од страна на полициски службеници е лишен од слобода М.М.(19) од Прилеп. Истиот ден околу 06:45 во ОВР Прилеп било пријавено дека по претходно случена сообраќајна несреќа во Прилеп, настанала расправија и М.М. со остар предмет му нанел повреди на М.Џ.(43) од Прилеп, по што се дал во бегство. Но, по преземени мерки, М.М. е лишен од слобода и предаден на ОВР Прилеп, а по документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

Од полицискиот билтен уште две информации:

На 03.10.2025 во 20:30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп, го лишиле од слобода И.Ј.(30) од Прилеп бидејќи истиот го нарушувал јавниот ред и мир со оддавање на пијанство. По документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.10.2025 во 18:45 часот полициски службеници од ОВР Прилеп, на ул„Васко Карангелевски” во Прилеп го лишиле од слобода А.И. од Прилеп, бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пронајдена дрога во Битола и Прилеп, приведени три лица

Работниците на Еурокомпозит повторно на протести

Пожар на депонијата за старо железо на компанијата „МИКОМП“- Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе