8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

На Могилата в недела на пролетна дружба

Со поддршка на „Витаминка“ и „Прилепска Пиварница“ в недела општина Прилеп кани на целодневна дружба насловена како „Пролетта не’ мами, на Могила не’ кани“! Настанот ќе се одржува од 11:00 до 16:00 часот во Паркот на Могилата на непобедените. Планирана е несекојдневна дружба и забава со музика, рекреативни и спортски содржини наменети и за помладите и за повозрасните. Ќе се игра шах, пинг – понг, ќе има „игри без граници“ за најмладите, а ќе се претстават и учениците од Музичкото училиште „Ордан Михајлоски Оцка“. Ќе се играат модерни танци, ќе се пее староградска музика, се’ на се’ богата понуда за забава и дружење.

Би можело да ве интересира

Аптеките Вивафарм 2005 слават 11 години постоење

Гордана Цветаноска

Божиќен ручек по 19 ти пат во Прилеп во организација на Детската амбасада за сите деца во светот

Пела Редакција

Водици 2024 Прилеп: прва среќа за 24 годишниот Влатко Орданоски

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе