16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Викендов постудено време и снег на планините

Попладнево на превојот Стража врне снег. Метереолозите најавуваат засилени врнежи и во текот на викендот особено на планините во западниот и во северозападниот дел од Македонија, како и на планинските превои. Како што беше најавено од УХМР студениот априлски бран деновиве ја зафати и Македонија, проследен со нагло паѓање на температурите, ветар, врнежи од дожд, а на повисоките места и снег.

Максималните дневни температури на воздухот за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, додека утре тие во најтоплите централни и југоисточни предели на кратко би можеле да се искачат и до околу 20 степени.

Во наредните денови на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Вчера снежни врнежи имаше и во Маврово и на Попова Шапка.

Би можело да ве интересира

Кои се проблемите на урбаните и месните заедници?

Фестивал на пиперката во Кривогаштани

Пела Редакција

Доделени првите картички за „зелена нафта“ во Канатларци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе