-1.9 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

На полноќ истекува рокот за пријавување на избирачите кои се болни или немоќни за да може да бидат посетени во своите домови на 7 мај и да гласаат на парламентарните избори.

Пријавувањето е во Општинските изборни комисии и се однесува само за парламентарните избори, додека прифатените барања на болните и немоќни лица за гласање на претседателските избори на 24 април се важечки и за вториот круг од претседателските избори.

„Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице), а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање односно до 30 април на полноќ„, е наведено во Роковникот за парламентарните избори на Државната изборна комисија.

За лицата кои се болни или немоќни а сакаат да гласаат исто така до ОИК треба да биде доставена соодветна медицинска документација.

На 4 мај истекува рокот за барања за гласање на лица кои се во домашен притвор.

Болните и немоќните, затворениците, лицата во домашен притвор и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите и тоа на 7 мај.

Би можело да ве интересира

Во Пелагонија пристигна поларната зима, – 22 во прилепско !

Гордана Цветаноска

Заев: Поголема конкуренција за тутунскиот откуп и повисоки субвенции за наредната реколта

Гордана Цветаноска

Црвен крст Прилеп распиша конкурс за обука за лични асистенти за работа со лица со попреченост

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе