16.3 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Утре започнува 53 тото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Се е подготвено за старт на 53. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој започнува утре, 8 јуни до 15 јуни во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Познат е составот на жири-комисијата во која членови се: Мими Таневска, актерка и професор на ФДУ, Драган Спасов- Дац, актер и Јасна Новаков, театролог и извршен директор на театарот „Звездара“ од Белград.
Во рамките на 8 те фестивалски денови во официјалната програма ќе се прикажат 12 претстави од македонските професионални театри кои се во трката за награди и за највисокото фестивалско признание – најдобра претстава во целина. Претседателот на Советот на фестивалот и селектор е актерката Катарина Коцевска.
Фестивалот утре ќе го отвори претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ во режија на Александар Морфов, а во продукција на Македонскиот народен театар. Традиционално на отворањето на фестивалот ќе бидат доделени наградите за животно дело, а годинашни добитници се: композиторот Љупчо Константинов и актерот Петар Арсовски.

Ова е програмата за 53. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“:

Би можело да ве интересира

Прилеп остана и без големата сала во Цепенков и киното Мис Стон

Александар Јовевски со виртуозен концерт во Прилеп (ВИДЕО)

Пела Редакција

МТФ „Војдан Чернодрински“ 58. издание – ова е програмата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе