11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

На Светскиот ден на слободата на медиумите, 3ти Мај новинарите не смеат да ги премолчат приказните за уништување шумите, за пожари, суши…

Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 Мај, оваа година е посветен на важноста на новинарството и слободата на говор, во контекст на глобалната еколошка криза што ја живееме. Новинарите и еко-активистите секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ја кажат вистината за состојбата на планетата. Реалноста не е секогаш убава, ниту пријатна, но обелоденувањето на кризата е првиот чекор кон нејзино решавање
„. За да се вклучиме сите заедно во глобалната кампања, годинава со наслов „Новинарството соочено со еколошка криза“, споделуваме серија постери во продукција на УНЕСКО кои сугерираат дека во светот, како и кај нас, многу стории треба да се раскажат. Односно дека новинарите не смеат да ги премолчат  приказните за уништување шуми, реки, езера, за пожари како последица на глобалното затоплување, суши што уништуваат цели региони, загадување на воздухот и другите природни ресурси, исчезнување на видови…„ – информира Советот на Етика во Медиумите на Македонија
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) со крводарителска акција одбележан Светскиот ден на слобода на медиумите
Сепак, овој ден е важен во борбата на новинарите за подобри услови за работа. Слободата на медиумите е тесно поврзана и со правото на пристап до информации на граѓаните. Овој ден се залага за слободата на информациите како основно човеково право, клучно за информирано донесување одлуки и функционирањето на една демократија

Би можело да ве интересира

Инспекциски надзор: нема обојување на водите од притоката и вештачкото езеро Прилеп

Гордана Цветаноска

„Букет од песни“ по повод 8 ми март, концерт на Октетот Прилеп

Прилепската болница отвора нови Ковид одделенија и ги повлекува специјализантите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе