-0.9 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Македонскиот јазик – два пати меѓу избраните во светот

Со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија на денешен ден, 5 мај, 1945 година, е усвоена азбуката на македонскиот јазик. По два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

Одлуката 5 Мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик беше донесена во 2019 година, како одбележување на 5 Мај 1945 година кога за првпат беше озаконета азбуката на македонскиот јазик. Два месеци подоцна, на 7 Јуни 1945 година е усвоен и правописот на македонскиот јазик, а потоа и Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

Низ историјата:
До 10 век македонскиот јазик користел различни други писма, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста. Токму развојот на денешната македонска азбука, датира со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.
Така, од 9 тиот па сè до 19 тиот век македонскиот јазик ги користел следните азбуки: глаголица, кирилица, црковно-македонско писмо, илинденска азбука.

– Во деветтиот век браќата Кирил и Методиј, со помош на глаголицата, како оригинално писмо, ги превеле црковните книги на јазикот на македонските Словени од околината на градот Солун (во науката познат како старословенски и старомакедонски). Со благослов на папата, овој јазик станува четвртиот признат јазик во светот што е достоен за Библијата и за Бога, вели проф.д-р Елена Јованова – Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје .

По многу векови, со прогласувањето на Федерална Македонија како држава, АСНОМ, на своето Прво заседание на 2 август 1944 година, донесува решение за воведувањето на македонскиот како службен јазик. Со објавувањето на македонската азбука на 5 мај и со усвојувањето на македонскиот правопис на 7 јуни 1945 година од Народната влада на Федерална Македонија, се случува кодификација на современиот македонски литературен јазик. Така, македонскиот јазик повторно се вбројува во избраните јазици на светот.
Нашиот великан Блаже Конески, чиј што заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик се огромни, во една пригода рекол дека ,,Јазикот е нашата најкомплетна татковина”.
Со решение на АСНОМ од 2 август 1944 година, донесено во манастирот Прохор Пчински, македонскиот јазик беше заведен како службен јазик на македонската држава.
Усовршувањето и приспособувањето на македонскиот пишан систем и постепено поедноставување на црковномакедонското писмо започнало во XIX век со појавата на поедноставната илинденска азбука, која, пак, довела до оформување на македонската преродбеничка азбука за на крај да се создаде стандардната македонска азбука.
Во XX век имало и обид за запишување на македонскиот јазик и со латинична азбука, т.н. македонска абецедарска азбука, која не зела широки размери и останала на локално ниво во Егејска Македонија.
Најбогатиот период во поглед на развојот на стандардната македонска азбука е периодот на преродбата, поточно од средината на XIX век до почетокот на XX век. Во овој период голем број македонски интелектуалци вршеле реформи за поедноставување на македонската илинденска азбука и со тоа стандардизирање на македонскиот правопис.

Би можело да ве интересира

Објавен јавен повик од ИПАРД III програмата

Пела Редакција

Приведена група од 9 крадци затекнати како „оперираат“во ЗИК Пелагонија

Пела Редакција

Прилеп подготвен за „Прочка 2020“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе