Државната Изборна комисија ги објави првите проекции за бројот на пратенички мандати, а ВМРО-ДПМНЕ е речиси на половина од вкупниот број на пратенички мандати во Собранието. Има 59 пратеници според првичните проекции.На второ место е ДУИ на Али Ахмети со 19 проектирани мандати, СДСМ е дури на трета позиција со 18 мандати. Коалицијата „Вреди“ освојува 13 пратенички мандати. Во Собранието влегуваат и 6 пратеници на Левица, а на 6-тата позиција е ЗНАМ со 5 мандати.
А, каква е сликата во Изборната единца 4 ? Во Прилеп слави ВМРО ДПМНЕ. Кои се ќе бидат пратеници?
Неофициално, Прилеп во следниот мандат на пратенички состав ќе има три пратеници: Дејан Проданоски, Петар Ристески и Билјана Кузманоска. Неофициалнo, во ИЕ4 ВМРО ДПМНЕ обезбеди 13 пратенички места, СДСМ обезбеди 5 пратенички места ( во кој влегува и актуелниот пратеник, Миле Талевски), Левица со едно и ЗНАМ со едно пратеничко место, во оваа изборна единица.