Во борбата за опстанок во Втората фудбалска лига на Македонија денеска, недела од 17 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се игра најзначајниот меч за Победа. Во рамките на последното, 30. коло на мегдан пред домашната публика Победа ќе игра против првакот, новиот прволигаш Беса од Добридол, Гостиварско. Доколку денеска се обезбедат посакуваните три бода тоа ќе значи продолжување на второлигашкиот статус за Победа, двата последни тима од табелата отпаѓаат, а тимот над нив игра бараж за опстанок.
ПОСЛЕДНО 30. КОЛО (19 мај во 17 часот): Победа – Беса, Охрид – Кожуф, Детонит – Караорман, Саса – Вардар Н., Новаци – Скопје, Беласица – Арсими, Осогово – Пелистер, Башкими – Тетекс.
ТАБЕЛА: Беса 74, Пелистер 70, Детонит 57, Арсими 51, Вардар Н. и Охрид 42, Скопје 41, Беласица и Башкими 39, Кожуф 38, Новаци 31, Победа 28, Осогово и Тетекс 27, Саса 26, Караорман 15.