16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

На 24 ти мај „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“

На денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј 24ти мај, традиционално ќе се одржи најстарата велосипедска манифестација во Прилеп и во Македонија „Сите на велосипед“. Организатор е Велосипедскиот клуб „Илинден“ во соработка со Општина Прилеп. Стартот е точно на пладне 12 часот, в петок,  пред реклами, а собирањето е половина час пред старт, а патеката е  Прилеп – Мало Коњари – Прилеп. Организаторите напоменуваат дека  Учесниците се движат по ДЕСНА коловозна лента.
Обезбедени се награди за најмладиот и најстариот учесник. Можст да учествуваат сите љубители на спортот, под услов да имаат технички исправен велосипед. 
Организаторите обезбедуваат освежување и закуска за сите учесници, а предвидена е пауза во дворот на училиштето
“ Страшо Пинџур “ во Мало Коњари. По  доделувањето на наградите организирано учесниците се враќаат до центарот на градот каде и завршува целата манифестација.

Би можело да ве интересира

Се пробива тунелот на експресниот пат Прилеп – Градско

Бадникови поворки Прилеп, над 200 дечиња кои носат радост

Болка во Прилеп- За својот убиен другар децата палеа свеќи во паркот во нас. “Вишне“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе