11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Меѓународна мото-крос трка „Томб рајдерс“ кај Прилеп (ГАЛЕРИЈА)

На мотокрос арената во Лагово кај Прилеп, по 6-ти пат викендов се одржа меѓународната мото трка „Сторм рајдерс 2018“. Трката опфати 4 категории: МX1, MX2, MX3 и OPEN класа, а учество зедоа 30-тина љубители на овој спорт од Македонија и од Балканот.
„ Ова е уште еден настан, којшто клубот ‘Скај рајдерс’ го организира за граѓаните на Република Македонија и Прилеп. Во оваа прилика сакам да ѝ се заблагодарам на Општина Прилеп, која што несебично ги помага сите настани, што се организираат од нашиот клуб. На овој начин се развиваат сите екстремни спортови во нашиот град“, истакна Ѓорѓи Манчески, претседател на клубот „Скај рајдерс“.
„Прилеп е домаќин на државното и меѓународно првенство ‘Сторм рајдерс’ што се одржува во организација на прилепскиот клуб „Скај рајдерс“. Јас како градоначалник и Општина Прилеп секогаш ќе им дадеме поддршка, бидејќи токму преку со вакви настани го унапредуваме спортот, го развиваме туризмот во градот“, порача градоначалникот Илија Јованоски.
Некои од натпреварувачите веќе неколку години се учесници на мото-крос натпреварувањата, а ова првенство претендира да биде дел од официјалните трки на мапата на меѓународната асоцијација на мото-крос натпреварувањата. Со тоа Прилеп докажува дека има капацитет за ваков тип спортски настани, зашто со својата географска положба има услови за одржување на вакви спортови, што е предуслов за развој на туризмот.

Би можело да ве интересира

Резултати и распоред на Светиниколскиот турнир во мал фудбал

Гордана Цветаноска

КК Бонсаи e македонски преставник на Балканското првенство во карате за деца во Турција

Пела Редакција

Во Прилеп докторски турнир во шах

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе