Прилепчани, оние од еснафски калибар, не само што се мајтапчии, туку и итроштина има во нив. За се’ решение имаат, па дури и за горештините!
И, така, кога температурите се покачуваат над 35 степени и кога надвор веќе почнува да врие како во вршник, кога сонцето безмилосно пече, а потребата од еснафска дружба е неопходна или пазарлук да се направи, е тогаш доаѓа и решението, и, за времето.
Чичко Перо-Чорбе (како што го знаат прилепечани) на овие летни горештни, му нашол маривет. Точакот, (кој денеска е најефкиасното превозно средство бидјеќи, градот одамна изгуби над 500 паркинг места во центарот со изградба на булевар) му послужил и за шатор (чадор) носење. И, ем си се возиш, ем сонце не те пече и си заштитен максимално од УВ зраците во секое време од денот! Ладовината ти е секогаш со тебе…
Применлива иновација, необична, но корисна и безбедна од сончевите зраци, летните горештини, мора да признаете.
„Море ум„- би реколи актерот Благоја Џумерко, кој беше познат по својот мајтап! Па, браво за чичко Перо и за неговиот изум.
Е, ај сега речете дека прилепчани не се мудри, итри и иновативни луѓе !
Фото: Екс градоначалникот Марјан Ристески на кој му благодариме за фотографијата!