0.8 C
Прилеп
среда, 25 декември, 2024
Пела Радио

Пустош на липите во градот – општината ќе ги казнува уништувачите на липи

Што ќе се презе за јавното уништување на липите,  кои се украс на градот?!  Може ли да се стави крај на масакрот и немилосрдното кршење на липовите гранки и уништување на липите во време кога тие цветаат ?!  Уништувачите или т.н  „берачи на липов цвет“,  кои како да им е  липата  во дворот, без никаква одговорносткршат, кастрат цели гранки и оставаа пустош на дрвата, кои се зеленило на градот и припаѓаат на јавна (заедничка за сите) површина.

И, ова утро иста слика и  нема крај на уништувањето на липите. Уште од  6.30 часот наутро уринска берба на липа. За жал не се бери цвет, со посебна направа ,туку се кршат цели гранки,па се товарат, па…итн.

Берачите на липа ги има речиси насекаде и во секое време. Не се кријат, ниту ноќе, ниту дење. Дрски се не само во периферијата, туку и во центарот. Дрворедите пред ЦК “Марко Цепенков” се мета. Не се плашат ниту од минувачите, кои ги критикуваат и им се закануваат со полиција.

Локалната Самоуправа на Општина Прилеп упати апел до граѓани да не врешат, сечење, кршење на гранки и кастрење на липите кои се на јавна површина, бидјеќи како што се вели во нивното соопштение  „ Уништувањето на јавното зеленило во градот е казниво по законот„.  Затоа инспектори од Општината  со полицијата , во ово временски период, кога се врши берба на липовиот цвет од липите засаден на јавни површини (површини заеднички од сите),  ќе„дежураат“ и ќе ги казнуваат сите оние кои нема да ја почитуваа одликата на локалната власт.

Ајде да видеме дали ова ќе помогне?!

 

 

Мината година берачите на липов цвет , се осмелија  да влезат дури и во црковниот двор на црвката „СВ Благовештение“ и да искршат дел од липите за сопствен интерес.
Тогаш, ниту се пронајде виновникот,  ниту  никој  одговараше за направената штета!

Инаку, липите во градов ќе останат врзани како спомен за името на Илија Рочески – Роче, агрономот кој во далечните 70-ти години ги засади од двете страни на булеварот во центарот на градот. Неговата идеја беше да се даде живот на Прилеп, кој стана град на липите како виенескиот парк Пратер.

А, поговорката вели: „Со секое посадено дрвце, сте подариле живот и здравје. А со секое сечење и уништување, сте посегнале по срцето и душата на градот.„

Би можело да ве интересира

Признание за Филип Димкоски на 23 тите Пелагониски културно научни средби

Гордана Цветаноска

Комуналец чисти дива депонија за изградба на детски парк, се тампонираат улици…

Елизабета Филипоска

За претседателските избори кампањата ќе почне на 4 април, а за парламентарните на 18-ти

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе