Од денеска до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.
-Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.
- Министерството за здравство, донесе препораки во кои се предвидува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
- Се препорачува единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.
- Се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, бидејќи одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници.
Институтот за јавно здравје препорачува за време на топлотните периоди, важно е да се оддржи свежина, за да се избегнат негативните здравствени ефекти на топлината.
-Избегнувајте излегување и вршење напорна активност за време на најжешкото време од денот од 11-17 часот. Искористете ги предностите на специјалното време на шопинг за ранливите групи кога и да е достапно. Останете во сенка, не оставајте деца или животни во паркирани возила, и доколку е потребно и можно, поминете 2-3 часа на ден на ладно место. Доколку УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор, капа и наочари со заштита од УВ зрачење, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка. УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, посетителите на плажа треба да имаат предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето, се вели во препораките од ИЈЗ.
- Граѓаните треба да ги чуваат своите домови ладни, да го користст ноќниот воздух за да го оладат домот со природно проветрување кога надворешните температури ќе се намалат, како и да ја намалат ја оптовареноста на топлина во станот или куќата во текот на денот со користење на ролетни и исклучување што е можно повеќе електрични уреди, велат од ИЈЗ.
- Правилна хидратација на телото, да се користат светла, бела, лесна и лабава облека и постелнина, да се практикуваат ладни тушеви или бањи и да пијат безбедна вода редовно, но и да избегнуваат пијалоци со шеќер, алкохолни пијалоци или кофеини.
-Избегнувајте изложеност на сонце или на температури повисоки од 38°C, бидејќи и го зголемува ризикот од изгореници и болести поврзани со топлината. Додека се грижите за себе, планирајте да проверите на семејството, пријателите и соседите кои поминуваат поголем дел од своето време сами. На ранливите луѓе можеби им треба помош во жешките денови, и ако некој што го познавате е во опасност, помогнете им да добијат совет и поддршка додека ги почитуваат препораките за физичко растојание. Лицата кои користат редовна терапија треба да се консултираат со матичните лекари и фармацевтите за евентуалните влијанија од терапевтиците на способмоста за регулирање на телесната температура, се вели во препораките.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.