2.1 C
Прилеп
четврток, 21 ноември, 2024
Пела Радио

Христијан Мицкоски е 13-тиот премиер. Избрана е новата Влада. Тоа е 20-та влада од осамостојувањето на Македонија

Мнозинството на пратеници во Собранието на Македонија дадоа зелено светло за предлог Владата предводена од Христијан Мицкоски. По вечерашното гласање, тој е нов премиер на Македонија.

Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а ова е 20-та влада од осамостојувањето на земјата.

По изборниот резултат на 8 мај, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ ги избра коалицијата ВЛЕН и Движењето ЗНАМ за владини партнери. Новата влада ќе има 4 министерства повеќе од сегашната. Владата на „Мицкоски“ ќе има 5 вицепремиери, од кои еден прв вицепремиер. ВМРО-ДПМНЕ ќе води со 15 ресори, 6 министерства се на ВЛЕН и 2 на ЗНАМ.

Министрите на ВМРО ДПМНЕ

  1. Владо Мисајловски, министер за одбрана
  2. Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија
  3. Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
  4. Александар Николовски, министер за транспорт – вицепремиер
  5. Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците – вицепремиер
  6. Гордана Димитриеска Кочовска, министер за финансии
  7. Сања Божиновска, министер за енергетика
  8. Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
  9. Весна Јаневска, министер за образование и наука
  10. Златко Перински, министер за локална самоуправа
  11. Зоран Лутков, министер за култура и туризам
  12. Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
  13. Борко Ристовски, министер за спорт
  14. Лупчо Димовски, вицепремиер за политички систем
  15. Шабан Салиу, министер без ресор, за спроведување на декадата на Ромите

Министрите на коалицијата „Влен“

  1. Изет Меџити, прв вицепремиер, министер за екологија
  2. Арбен Таравари, министер за здравство
  3. Бесар Дурмиши, министер за социјална политика, демографија и млади
  4. Фатмир Лимани, министер за економија и труд.
  5. Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење
  6. Орхан Муртезани, министер за евроинтеграции

Министрите на „Знам“

  1. Игор Филков, министер за правда
  2. Горан Минчев, министер за администрација.

Би можело да ве интересира

Против тројца прилепчани кривични пријави за „насилство“ и „тешка телесна повреда“

Пела Редакција

Бесплатен влез во музеите за Светскиот ден на културното наследство-18 април

Пела Редакција

Еко-свест: Гасниот интерконектор со Грција-наместо обновливи извори ќе донесе нов фосилен господар!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе