16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Од денeска новa цена на струјата

Од денеска за најголем дел од потрошувачите, сметките за електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи ќе бидат повисоки за 0.4%.

Повисоката цена не ги опфаќа домаќинствата од првиот блок, со минимална потрошувачка. Но, за 0,65 насто се зголемува и цената на евтината тарифа. Во вториотблок цената се зголемува за 0,85 проценти, во третиот за 1,92 и во четвртиот блок за 1,88 насто.

Струјата што ќе се користи од 13 до 15 часот, односно евтината тарифа, од денес е поскапа за 0,65 проценти.

во посочи дека цената на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во вториот блок има зголемување од 0.85%, во третиот блок од 1.92% проценти и во четвртиот блок од 1.88%, додека евтината струја ќе поскапи за 0.65%.

Марко Бислимоски Претседателот на РКЕ додаде дека со ова, за 88% од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок,  трошокот за ел. енергија ќе се зголеми за 0,4 проценти.  Во меѓувреме,  за 8% од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок трошокот на месечно ниво, сметките ќе се зголемат за 0.48% и за 4% од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка и во четвртиот блок трошокот ќе се зголеми за 0.57%.

Ваквата цена на струјата ќе важи до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Струјата во првиот блок поевтинува, во третиот блок поскапува за 2,88 %

Радио Пела второ по слушаност од локалните радио станици во Македонија

Центар за јавно здравје Прилеп ќе спроведува есенска превентивна дератизација

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе