Прилепчани си го направија градот депонија. Револтирани од не хигиената во градот, кој се чини сами си ја создаваме со нашата не грижа кон околината, кон чистотата на јавниот простор ( од кој очекуваме некој да ни го чисти- оти за тоа плаќаме), без грижа на совест дека градот ни станува депонија, една наша сограѓанка напиша и објави фотографии кои ја отсликуваат “градската чистота“: „Не може Комуналец да наваса, колку што ние можеме да покењаме…“, напиша таа на својот ФБ профил.
Не дека ЈК „Комуналец„ воодушевува со својата активност околу чистота на градот, но факт е дека не може никој да стигне да ја дочисти нашата “не култура “- фрлање отпад на јавни површини, како да стана прилепска навика.
И веднаш “паѓаат“ интересни предлози, прифатливи и итно потребни: “Под итно Владата да превземи мерки за чистење на цела Македонија од ѓубрето. Да донеси нов закон , полициски инспектори ,со право на “казнуванје на лице место”, и една голема ТВ кампанја за “Чиста Македонија”, да се подобри свеста кај секој еден човек. А Комуналните претпријатија да вработуваат “вистински” работници, кои ќе работат за пристојна плата..“ предлага еден сограѓанин ..
А, на прашањето на Радио Пела : Кој е виновен за сметот и депониите по градот? граѓаните велат:
„Пред сè ние граѓаните. Луѓето фрлаат насекаде, наместо во контејнер, тие фрлаат до него. Ги опоменувам, но кој слуша. Повеќе казни и инспекции!“
„Граѓаните се тие кои сами си создаваме ѓубре насекаде.“
„Децата и младите ја покажуваат некултурата … Само казни и преземање одредени казнени мерки од Општината.“
„Кој е виновен? Самите ние и „Комуналец“. Им велам кога ќе ги видам, но тоа ништо не менува. Само со казни, казни на лице место, и ништо друго!.“
За да се смени состојбата неминовна е промена на јавната свеста, а за тоа граѓани сметаат дека единствено решени кое ќе помогне , се казните за сите оние што сметаат дека фрлање смет кај ќе им текне, е работа на некои кои треба да чисте по нив, а не нивна граѓанска должност да ги одржуваат јавните (заедничките) површини чисти.