Во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ денеска, во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Интервали“ на Татјана Винона Јонеска. Станува збор за втора самостојна изложба на Јонеска во родниот град , а ги истражува лиминалните простори меѓу моментите. Преку динамичен спој на дела од хартија, слики, инсталација и видео, оваа мултидисциплинарна изложба се стреми да понуди подлабоко размислување за интервалите како спојници на просторот и времето. Со поетски став „Интервали“ отвора прашања за разоткривањето на скриените врски, ритми, транзиторни моменти и простори што ја обликуваат нашата перцепција – истакнува уметницата.
Винона има мултидисциплинарна практика водена од екстензивно теоретско истражување и експериментирање, што формално се занимава со прашања околу перцепцијата, истражување за тоа како се среќаваме со просторот и како ја доживуваме темпоралноста. Учествувала на бројни групни изложби во Обединетото Кралство и на меѓународно ниво.
ИНТЕРЕСНО! Следете ги информациите и на интернет радиото од РАДИО ПЕЛА https://live.mkdstream.com/public/radiope секој работен ден за најновите случувања од Пелагонија во ударните вести „Пелагониска хроника“ во 16,30 часот
ВЕСТИ: 6,30, 09,00 , 14,30 ,16,30, 19,30