28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Со изложба на икони „Уметниците за Свети Никола“ започнаа чествувањата на патронот

Со изложба на икони „Уметниците за Свети Никола“ денеска 18 ти декември во Центарот за култура Марко Цепенков и традиционалното чествување во Жабино маало, започнаа празничните настани по повод градската слава Свети Никола.

По тој повод градоначалникот Дејан Проданоски упати покана за заедничко прославување на големиот православен празник:

Чест и големо задоволство ми е да Ве поканам заедно да го прославиме големиот христијански празник Свети Никола, заштитникот и патрон на нашиот горд град Прилеп. ​Во име на домаќините на овогодинешната прослава, и во мое име, како градоначалник, Ве повикувам да бидете дел од традицијата која не обединува во духот на заедништвото, хуманоста и верата.

  • Честувањето на празникот Св.Никола утре 19 ти декември, започнува во 08:00 часот со Архиерејска Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-Пелагониски г- Петар , во Црковниот храм „ “Св.Блоговештение“-Прилеп.
  • Водосвет и прережување на празничниот колач ќе се изврши пред Параклисот на „Св.Никола“ во центарот на градот во 12:00 часот.
  • За сите добронамерници од 12:30 часот ќе биде послужена празнична, посна, светиниколска трпеза, во центарот на градотна плоштадот Александрија, која ја подготвија домаќинитие на овогодишната градска слава, компаниите Матадор и Бимфуд.

По повод градската слава,  на плоштадот „Александрија“ за сите посетители, ќе биде организирана и пригодна, културно-уметничка програма на која ќе настапи прилепската група „Тајфата“.

Би можело да ве интересира

(Видео) Интензивно се гради водоводната мрежа во с.Леништее

Пела Редакција

Во Прилеп почнува фестивалот „Пеце Атанасовски“, промовирани Зборник и монографија „Непресушен извор за навек“

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (50)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе