-1.4 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) ЈКП Водовод и канализација Прилеп: Водата поскапува за 17,9 %

Водата во Прилеп поскапува за 17,9 отсто информираше денеска директорот на ЈКП Водовод и канализација Прилеп Игор Гулабоски. Одлуката за поскапувањето е на Регулаторна комисија за енегетика и водни услуги која веќе е објавена во Службен весник.

– Сметките за водни услуги за седми месец ќе бидат со регулираните тарифи кои во текот на вчерашниот ден ги објави Регулаторната комисија. Цените се формирани врз основа на билансите на ова јавно претпријатие и врз основа на општата макро економска состојба во државата во изминатите 3 години. Ова е трет регулиран период 2023 – 2026 година. ЈКП Водовод и канализација мора да ги примени и стапуваат на сила веднаш, рече Гулабоски.

Новата цена се однесува само на тарифата за водни услуги од сметките на ЈКП ВиК Прилеп.

– Вкупната сума на една просечна сметка на семејство од Прилеп од 10 м3 која што до денеска изнесуваше 610 денари, сега оваа сметка по однос на сите 3 параметри ќе изнесува 730 денари, посочи Гулабоски.

 

 

Би можело да ве интересира

НЕ – ИМА: Гоце Делчев е симболот на македонскиот народ!

Гордана Цветаноска

Наредните 30 дена КРИЗНА СОСТОЈБА

Гордана Цветаноска

Нема заразени со корона вирус во Прилеп, здравствените институции се подготвени и координирани

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе