16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Две лица на бел ден нападнален прилепчанец и му ги одзеле парите

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера (во 21 часот) во Прилеп ги лишиле од слобода А.А.(20) и В.А.(22), двајцата од Прилеп.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тие се осомничени дека околу 16.30 часот во Прилеп физички го нападнале А.Ш.(30) од Прилеп и му одзеле пари.

-Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 237 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Два случаи на насилство врз жени пријавени во полиција

Во колата на 26 годишно лице на патот Прилеп-Витолиште пронајдена марихуана и дробилка

Пела Редакција

Фабриките за медицински канабис од Прилеп и Битола останаа без дозволи

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе