2.1 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Граѓаните изгубија – нема времена мерка за ископ на Бехтел и Енка кај Оревоец

Основниот суд Прилеп го одби како неосновано – барањето за привремена мерка на ископ на мермер и минирање кај Оревоец од група граѓани, жители на село Оревоец и Прилеп. По одржаното рочиште, на 10.07.2024 на кое беа присутни претставници од Бехтел и Енка и од ЈП за државни патишта, решението од судот е дека Предлогот на групата граѓани за привремена мерка за градежни активности се одбива како неоснован:

„Предлогот на групата граѓани застапувани од адвокат Жарко Стевноски со кое побараа обезбедување на парично побарување да биде изречена привремена мерка на начин што ќе им се забрани на ЈП за државни патишта и Бехтел и Енка да преземаат било какви градежни активности со минирање, расчистување на теренот, ископ на минерална суровина-градежно технички материјал мермер, дробење на градежно техничкиот материјал и транспорт во месноста помеѓу с Плетвар и с. Оревоец и да го користат локалниот пат за село Оревоец кој се приклучува на регионалниот пат Градско – Прилеп се одбива како неоснован. “

Во образложението од Основниот суд Прилеп, кое содржи 14 страни, побиени се барањата на граѓаните за парична и непарична  штета по животната средина, здравјето и безбеденоста на жителите.  Решението на судот е донесено на 16.07.2024 со можност за жалба до Апелација.

Граѓаните не се откажуваат од намерата за заштита на животната средина и веќе е поднесена жалба до второстепениот суд. Според Жарко Стеваноски, адвокат, застапник  на групата граѓани кои бараа привремена мерка за забрана на градежните активности на базата за ископ кај Ореовоец, судот постапувал само по наводите за материјална штета, која за граѓаните е од секундарно значење:

– Сметаме дека судот одлучувал за паричното побарување и не ја зел во предвид непаричната штета која за нас е од примарно значење. Станува збор за нематеријалната штета со ставање во опасност на здравјето на месното население и на прилепчани со загадување на животната средина, воздухот, почвата и на четирите извори на вода. Тоа е ненадоместлива штета за која нема цена. Воедно, до Општина Прилеп поднесовме барање на Бехтел и Енка да не им се издава Б интегрирана дозвола за ископот кај Оревоец, како и да не се издава сообраќајна согласност за користење на привремен пат за изведба на транпорт на градежните активности, вели адвокатот Стеваноски.

Граѓанската иницијатива со протест и секојдневни блокади на локалниот пат кај Оревоец и во близина на базата за ископ започна од април. Целта на блокадите е да не им се дозволи на градежната механизација да врши минирање, ископ и транспорт на мермер.

Би можело да ве интересира

Не гори куќата, душата гори, со се’ што сме имале во неа! (ВИДЕО – ФОТО)

Гордана Цветаноска

Среда, 22 мај, без електрична енергија повеќе улици во Прилеп и населени места во општина Кривогаштани

Почина Бранка Станковска

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе