Денеска, рано наутро, ( 23.07.2024) во 03.56 часот, во ОВР Прилеп, од Казнено поправната установа Затвор Прилеп било пријавено дека осуденикот Е.Ј.(35) од Република Албанија, починал.
Осуденикот, инаку наркозависник, на 18.07.2024 во бессознание бил пренесен во Градска болница „Борка Талески“ – Прилеп, каде што денеска, на 23.07.2024 во 03.05 часот починал.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Прилеп, а известен бил и јавен обвинител, информираат од СВР – Битола