5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

(Фото) Прилеп чествува 23 години од трагичниот настан кај месноста Карпалак

Со положување на свежо цвеќе и поклонение пред споменикот во кругот на касарната „Мирче Ацев“, изграден во чест на загинатите десет прилепски бранители, започна одбележувањето на 23-та годишнина од трагичниот настан кај месноста „Карпалак“, каде во конфликтот 2001 година, животот го загубија десетте припадници на безбедносните сили на Р.Македонија од Прилеп: Саше Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грјуоски, Дарко Вељаноси, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

По тој повод делегации од АРМ, Општина Прилеп, семејствата на загинатите, Здруженијата на бранителите положија и преставници од партии, положија свежо цвеќе и ја посетија спомен собата во чест на загинатите херои.

Во таа пригода, на присутните им се обрати,  потполковник Славчо Кузманоски, командат на касарната „Мирче Ацев“,  кој истакна дека врската и споменот за овие херои ќе останат и нема да бидат заборавени, но напомена дека треба и во иднина да се залагаме никогаш тоа да не се повтори .

По повод одбележувањето на 23-на години од трагичниот настан кај месноста Карпалак, доцна попладне беше положено свежо цвеќе и пред споменикот во село Лениште, на кои се испишани имињата на десетте загинати резервисти, кои загинаа на 8-ми август во конфликтот, 2001-та година.

Потоа делегациите го посетија и манастирот Св.Петка во близина на село каде се служеше Вечерна богослужба.

Инаку, од околу 100- тина преживеани учесници на овој немил настан од поновата историја на Македонија,  15-тина веќе починаа  во текот на ове изминати 23 години, за сеуште стои енигмата како загинаа 10- мината прилепчани.

 

Би можело да ве интересира

Дали вакцината Астра Зенека е безбедна?!

Елизабета Филипоска

Не’ очекуваат рестрикции, Владата донела Уредба за енергетска криза!

Гордана Цветаноска

Тутунопроизводителите и откупувачите ќе се сретнат со ресорниот министер Хоџа

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе