7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Футсал екипата на Радио Пела ита кон освојување на финалето на меморијален турнир “Љубомир Рајчевски-Рајче„ во с. Глуво

Во осмина – финалето, на меморијалниот футсал турнир  “ЉУБОМИР РАЈЧЕСКИ РАЈЧЕ“ во с. Глуво, кој се организира по 18 -ти пат, футсал екипата на Радио Пела, синоќа со 5:0 ја победија екипата Виндија.

Стрелци на головите беа Тео Димитровски, кој постигна три гола и  Мирон Илиевски, со два гола.

Вечерва во четвртфиналната средба, екипата на Радио Пела -Прилеп ќе се сретне со Комапанија Димовски.

Футсал екипата на Радио Пела за прв  пат настапува на меморијален турнир во мал фудбал  “Љубомир Рајчевски-Рајче„ во општината Чучер Сандево, лоцирана на падините на Скопска Црна Гора, која, иако мала по големина, покажува големо интерес за почитување и одржување на турнирот во мал фудбал, во чест на нивниот сограѓани, истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар,  Љубомир Рајчевск – Рајче.

На 1о. август (в сабота) се финалните средби каде ќе бидат прогласени и победниците, и ќе бидат доделени наградите, на оваа спортска манифестација која ја негува традицијата и преку спортот ги  поврзува и зближува граѓаните. Со оглед на тоа што настанот има и забавен карактер,  вечерта по одржувањето на финалето, музичка ѕвезда на вечерта ќе биде Мирослав Илиќ, кој ќе ги забавува присутните.

Настанот е под генерално покровителство на општината Чучер Сандево и од граѓаните на село Глуво.

 

Би можело да ве интересира

Како што треба да биде : Победа ја одреди цената на поединечните и сезонските влезници

Никола Димески

Македонка во Грција, го развиори македонското знаме како првак во планинската трка на Меторите

Елизабета Филипоска

Деспина почна без Гичева и Боризоска

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе