11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Денеска температура до 41 степен – до утре важат препораките за ослободување од работа на ранливите категории граѓани

Според прогнозата на УХМР, времето денеска е сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура достигне до 41 степен. УВ-индексот има вреднсот 9.

УХМР до крајот на оваа седмица прогнозира сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.

Од четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во деновите од викендот кога ќе има услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град“, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради новиот топлотен бран во првите три дена од оваа работна седмица, до утре, важат препораките за намалување на ризиците од високите температури кои ги усвои Владата на седница во неделата, на барање на Министерството за здравство.

Со препораките за превенција, ослободени од работните обврски се најранливите групи население – бремените жени и лицата постари од 60 години.

На работодавачите им е препорачано од 12 до 14 август да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено односно да се избегнуваат работни активности на отворено од 11 до 17 часот, а во тој период од денот да не се изнесуваат ниту децата од градинките и тие да немаат физичка активност.

На општините, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран им се укажува да им помогнат на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Би можело да ве интересира

Утре (03.10 2024) без струја ќе бидат жителите од неколку прилепски улици

Пела Редакција

Субвенции за инвертер клими и велосипеди

Елизабета Филипоска

Македонија слави 28 години независност

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе